Тој вели дека има проблеми во начинот на кој функционира полицијата, но дека дефинансирањето не е решение.
Оние кои повикуваат на кратење на парите за полицијата или на нејзино распуштање ќе зажалат за тоаЏон Малком, потпретседател на Фондацијата Херитиџ
„Полицајците се чувари. Има банди, дилери и насилни луѓе. Мислам дека ќе биде голем проблем ако нема полицајци кои ќе одговорат кога постојат закани кон луѓето кои го почитуваат законот. Оние кои повикуваат на кратење на парите за полицијата или на нејзино распуштање ќе зажалат за тоа“ вели Малком.
Потпретседателот на Фондацијата Херитиџ вели дека не се противи на тоа да се одвојат повеќе пари за сиромашните заедници, но тоа не треба да биде направено на сметка на полицијата.
„Доколку во тие заедници нема полиција која би ги заштитила луѓето и нивните имоти, овие пари би биле попусто потрошени. Голем дел од криминалот се случува во Афроамерикански заедници. Токму малцинствата се погодени од тоа. Не можат да водат бизниси, не можат да привлечат капитал за да ги прошират бизнисите. Не се чувствуваат безбедно кога ќе излезат од дома или кога ќе ги испратат децата на училиште. Тоа се работи кои луѓето кои живеат во предградијата ги земаат здраво за готово“ вели Малком.
Тој смета дека постојат многу начини на кои може да се подобри функционирањето на полицијата, но намалувањето на можноста да набават соодветна опрема или да најмат квалификувани работници не е решение.
Процентот на Афроамериканци кои работат како полицајци е поголем од процентот на Афроамериканци во земјатаЏон Малком, потпретседател на Фондацијата Херитиџ
„Не верувам дека постои системски расизам во полициските сили. Процентот на Афроамериканци кои работат како полицајци е поголем од процентот на Афроамериканци во земјата. Многу од големите полициски оддели се раководени од Афроамериканци. Мислам дека професионализмот на полициските службеници е подобрено изминативе години. Тоа не значи дека не постојат лоши полицајци или полицајци расисти. За жал има расисти во нашето општество“ вели Малком.
Тој вели дека предлог – законот кој Демократската Партија го подготвува во Претставничкиот дом е навистина обемен и дека одредени делови од него би биле прифатливи и за Републиканците.
Се надевам дека ќе се најде заеднички јазик и дека делови од овие предлози ќе поминат зашто во изборна година се носат многу малку закониЏон Малком, потпретседател на Фондацијата Херитиџ
„Предлогот е обемен, има 130 страници па мислам дека Републиканците би поддржале подобри обуки, поголема транспарентност, реформирање на дисциплинските постапки... Не верувам дека другите делови би добиле поддршка од Републикнците. Тие веќе најавија дека спремаат свој предлог – закон во Сенатот. Се надевам дека ќе се најде заеднички јазик и дека делови од овие предлози ќе поминат зашто во изборна година се носат многу малку закони“ вели Малком.
Џон Малком е потпретседател на Фондацијата Херитиџ и директор на тинк – тенкот Едвин Месе. Тој е правник со долгогодишно искуство во јавниот и приватниот сектор и со посебна експертиза за уставни прашања.