Продолжуваат протестите низ САД

Your browser doesn’t support HTML5

Продолжуваат протестите низ САД, но со помалку инциденти во однос на претходните денови.
Во Њујорк синоќа стотици останаа на мостот Бруклин неколку часа откако патот кон Менхетн беше блокиран од полицијата. Во Атланта полицијата користеше солзавец за да ги разбие демонстрантите кои останаа и по почетокот на полицискиот час. Во Вашингтон повторно се протестираше пред Белата Куќа, но состојбата беше мирна.

Демонстрантите извикуваа „Нема правда, нема мир“, „Црните животи се важни“, „Не пукај“ и „Доста е, доволно е“.