САД: Свиркач обвинува дека официјални лица игнорирале предупредувања за неефикасен лек и третмани против КОВИД-19

Виш владин научник следната недела треба да сведочи на конгресен распит откако поднесе жалба и во улога на свиркач ќе се осврне дека наводно официјални лица му се одмаздувале откако инсистирал на научни предлози и „поагресивен одговор на КОВИД-19“.  

Конгресменката Ана Ешо изјави дека жалбата од Рок Брајт покренува сериозна загриженост за одговорот од администрацијата на Трамп кон пандемијата со коронавирусот, и исто така сака да го слушне сведочењето на секретарот за здравство Алекс Азар, и на заменикот-секретар за подготвеност и одговор во вонредни ситуации, Роберт Кадлец.

„Во поплаката од свиркачот се наведува дека администрацијата била насочена кон внатрешни префрлувања и притисок, наместо да се насочи кон заштита на здравјето на Американците за време на пандемијата. Жалбата од д-р Брајант заслужува сериозно да се земе предвид“ изјави Ешо.

Брајт обвинува дека заменик-секретарот Кадлец вршел притисок врз неговиот Оддел - Центарот за биомедицинско и напредно истражување, да инвестира во лекови и третмани за кои немале научни докази за ефикасноста во пандемијата, вклучувајќи го и лекот хидроксихлорин.

„Д-р Брајт се чувствувал немоќен да ја заштити јавноста од овој потенцијално отровен хемиски елемент, за кој Одделот за здравство, на барање на претседателот Трамп, го форсирал како безбеден начин за лекување“, стои во жалбата од свиркачот и се наведува дека „докторот има ургентност да ја информира јавноста дека лекот нема научна поткрепа за ефикасноста врз пациенти со КОВИД-19, и Администрацијата за храна и лекови (ФДА) не спровела проверка за квалитетот на лекот, а сега веќе се наоѓа по аптеките во САД“.