Излекувани 24 пациенти, забележан уште еден смртен случај - почина 70-годшишник од Лабуништа, потврдени се 7 нови случаи на ковид-19 со што вкупната бројка на заразени изнесува 1231. Надлежните велат дека мерките ги даваат ефектите и најавуваат олабавување на рестрикциите – меѓу првите ќе биде скусување на полицискиот час кој наместо во 16 би стартувал во 19 часот.
Македонските власти најавуваат намалување на рестрикциите
Your browser doesn’t support HTML5
По првомајските празници се размислува за укинување на полицискиот час, но со задолжително носење заштитни маски или марами на лице, како и одржување дистанца од барем два метра. Земјата се уште е во вонредна состојба и така ќе биде до средината на мај кога истекуваат вторите 30 дена од оваа мерка.