Заштитна медицинска опрема – донација од САД за Северна Македонија

Your browser doesn’t support HTML5

Вицепремиерот Османи и министерот за здравство Филипче денеска во присуство на амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, ја примија донацијата од САД која се состои од заштитна медицинска опрема за борба против Ковид-19.

„Исклучително сум задоволна што сум овде со вицепремиерот Османи и министерот Филипче во примопредавањето на оваа донација во името на САД. Оваа асистенција е уште еден начин на кој САД соработува со своите НАТО-сојузници и ЕУ-партнери, да бидат добри соседи и заедно да се справуваат со ковид-19. Материјалот што денеска го предаваме на министерството за здравство е наменет за заштита на медицинските работници кои се на првата линија во борбата со кризата. Сите ние ним им должиме огромна благодарност за нивните напори во спасувањето животи, третманот на болните и спречувањето на натамошното ширење на вирусот“ изјави Кејт Мари Брнз, Амбасадорка на САД во Северна Македонија.