Македонската армија ќе помогне во справување со коронавирусот

Your browser doesn’t support HTML5

Македонската армија ќе помогне во справување со коронавирусот

Армијата поактивно се вклучува во секојдневното справување на општините со ситуацијата со коронавирусот. Меѓу првите е Прилеп – таму од денеска припадници на армијата се распоредени низ градот – градоначалникот побарал ваква мерка зашто во Прилеп се зголемува бројот на заболени.

„Денеска пред маркетите, банките ќе видите припадници на амријата чија задача не е да создаваат страв, туку да прават повеќе ред“ изјави Радмила Шеќеринска, вицепремиерка и министерка за одбрана.

„Се поважна е потребата од координација меѓу локалните и централната власт“ рече Бујар Османи, главен координатор на кризните штабови на единиците на локалната самоуправа.

Армијата се распореди и во Куманово каде, исто така, ќе биде на располагање на локалниот кризен штаб за справување со пандемијата. Освен воспоставување ред на места каде има метеж, војниците ќе помагаат и при дистрибуција на производи и дезинфекција на јавните површини.