СКОПЈЕ - Прва жртва од коронавирусот во Македонија. Станува збор за 57 годишна жена од Куманово. Нејзиниот син исто така е заразен и е во изолација, соопшти министерот Венко Филипче.
„За жал го имаме и првиот смртен случај од коронавирусот. Станува збор за жена на возраст од 57 години од Куманово кај која коронавирусот е дијагностициран доцна синоќа, постхумно.Сакам да изразам сочувство до семејство“, соопшти министерот Венко Филипче на прес конференција во Владата.
Според официјалните ифнромации првиот преглед е направен на 16 март, а таа примена е со температура без други симптоми и кашлица. Веднаш се поставени прашања од епидемиолози прашања но пацинетката одговорила дека немала контакт со лица од ризични земји.Дадена и е терапија и таа е пуштена е дома. Наредниот ден, на 17 март дошла со синот во болницата, повторно е направена анкета, двајцата се со температура и без кашлица. Повторно на анкетата негирале дека патувале во странство или имале контакт.
„На 17 и 18 март примаат терапија, немаат кашлица, добиваат третман во дневна болница. На 19 март тие се примени во болница а констатирана е пневмонија и сместени се во изолација. Се земаат брисеви материјал за корона на 19 и 29 март во два наврати.Анализите на материјалот од 19 март кај двајцата пациенти се негитвни. На 20 март се повторува тестот на мајката и тој е негативен. На 21 состојбата се влошува, се шрават обиди за реанимација но безуспешни. Компликацијата настанува нагло и нетипично за друга болест па затоа постмортем материјал е земен. Испитан е и тестот е позитивен на коронавирус. Битно е да напоменам дека преиспитани се материјалите земени иницијативно на 19 и 20 март и повторно се повторно се негативни. Во моментов се прави епидемиолошка анкета на здравствените работници дополнително ќе се одлучиува за изолација и тестирања“, обајсни минстерот Филипче.
Тој повтори дека има доволна 1.400 тестов, набавени се ушште 1.000 а СЗО најави неделен дотур од уште 1.000 тестови. Институтот за јавно здравје почна тендер за набавка на 5.000 тестови.
Персонал има доволно во сите здравстени устаниви, а доколку епотребно веќе се подготвени тимови за мобилизација.
„Ние направивме список на лекари кои се спремни и обучени да работат со пациенти на интензивна нега, анестезиолози и сестри. Има 200 лекари,400 медицински сестри и пензионирани инфектолози. Доколку има потреба, ако има бројка која не може да се менаџира тие ќе бидат ангажирани.
Во последното деноноќие се регистрирани 29 нови случаи на заразени со коронавирус со што вкупната бројка на заболени се искачи на 114 лица.
Од дваесет и дветмината нови случаи најголем број се од Скопје - 22, во Штип се регистрирани три нови случаи, два во Дебар, еден во Куманово и еден во Охрид.
Најголем број на заболени има во Скопје - вкупно 65, потоа во Дебар - 36, Штип каде има седум случаи, по 2 во Кавадарци и Охрид и по еден во Куманово и Гостивар.
Според проценките на едпиемиолозите, пикот на ширењето на заразата во државата се очекува во втората половина на април