СКОПЈЕ - Дваесет и осум нови случаи на заразени од коронавирус се регистрирани во последните 24 часа во државата и со ова бројката на заболени се искачи на 76. Ново жариште е најголемиот град Скопје, каде се речиси половина од заболените. Покрај Скопје и Дебар, носители на коронавирусот има и во Охрид, Гостивар, Штип и Кавадараци.
Пациентката од Дебар која неколку дена е приклучена на респираторна машина е во критична состојба, додека останатите се со релативно стабилна клиничка слика.
„Пацинетот кој е на респиратор од синоќа е во критична фаза. Се прават сите напори - дополнителна терапија и поддршка но состојбата е критична. Сите други заболени се со лесна до средна клиничка слика“, изјави министерот Венко Филипче.
Тој соопшти дека сите заболени кои се во домашен карантин имаа редовна домашна визита и дека будно се следни нивната состојба.
Од утре се спојуваат двете лаборатории, онаа во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и во приватната клиника „Жан Митрев“ за да може да се направат што е можно повеќе тестови. Досега се тестирани вкупно 888 лица.
Филипче соопшти дека во моментов има околу 1.700 тестови во државата, до крајот на неделата ќе се набават уште илјада а иста бројка ќе биде донирана. Светската здравствена организација соопшти дека ќе доставува неделно по илјада тестови.
Она што е клучно, доколку бројката на заболени се зголеми или им се влоши состојбата, се респираторните машини. Вкупната бројка на овие машини со кои располага државата е 120.
„Набавката е во тек. Проблемот е што машините се запрени во Бразил со одлука на нивната Влада. Со амбасадорот се обидуваме да издејствуваме да ги ослободат. Се надевам дека ќе успееме. Бразил беше единствената дршѓава која можеше брзо да ги достави. Сакам да нагласам дека Кина веќе резервираше 200 респираторни машини за Македонија и тоа е потврдено. Битно е што и во овој момент располагаме со доволен број“, објасни Филипче.
Тој додаде дека смета оти е неопходно некои мерки во некои региони од дрѓавата да се заострат и засилат.
„Свесен сум дека оваа ситуација го смени животот. Луѓето во изолација се соочуваат со страв. Стравот е емоција. Токму таа изолација и карантин е спас и начин да се стави крај на ширење на инфекцијата. Во оваа битка учествуваме сите, нема простор за политички поени. Секој еден од нас треба да помогне. Мерките кои ги носиме се согласно препораките и степенот на ширење. Имаме податоци дека мерките често не се почитуваат. Денешната седница на владата ќе предлоѓам заострување на одредени мерки. Посебно во делови од дрѓавата каде е регистрирано непочитување“, рече министерот на попалдневната прес конференција.
Владата пак на денешната седница донесе одлука за организирање на хуманитарни чартер летови со кои сите македонски државјани заглавени на терминалите од аеродрмоте и во дрѓавите од ЕУ ќе бидат вратени дома.
„За да им се обезбеди можност да се вратат во земјата, ќе се подготви посебен план за хуманитарни летови, а нивна законска обврска ќе биде кога ќе се вратат да прифатат дека ќе мора да поминат соодветен број денови во карантински услови за нивна и за безбедност на сите останати граѓани“, соопшти тејничкиот премиер Оливер Спасовски.
Покрај тоа одлучено е да се продолжи важноста на истечените патни исправи и лични карти се додека трае вонредната состојба како и да се замрзнат цените на овошјето кои неколкукратно пораснаа последниве денови.
Владата ги задолжи Министерството за одбрана, Армијата и Министерството за внатрешни работи да подготват анализа и план за евентуално воведување многу порестриктивни мерки за движењето на граѓаните.
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, подпладнево соопшти дека службеник во министерството е заразен со коронавирус. Сите престории во кои тој се движел и престојувал се дезинфицирани а колегите со кои бил во контакт се пратени во самоизолација.
„Бројот на лица во самоизолација е 1.088 на територија на град Скопје, а на вкупната територија е 3.787. Во текот на изминатите 24 часа, Секторот за внатрешни работи Скопје контролираше вкупно 182 лица со решение за изолација, а на територија на државата извршени се вкупно 390 контроли. На 349 македонски граѓани им се изречени наредб за самоизолација. СВР Скопје во текот на изминатите 24 часа изврши контрола на 712 лица во самоизолација, а на територијата на целата држава полициските службеници извршија 3.252 лица со наредби за самоизолација“, рече Чулев.
Меѓутоа карантинот и самоизолацијата не ја почитуваат сите. Лекар од каваадаречката болница денеска е казнет со глоба од 4.500 евра бидејќи одел на работа иако морал да биде во самоизолација бидејќи неговата ќерка се вратла од Италија на 6 март а епидемиолог им одредил двонеделен карантин. Досега се откриени 47 лица кои не ја почитувале изолацијата и карантинот и против нив се поднесени кривични пријави а казните со во износ од 1.000 до 4.500 евра. Доколку дисциплината не се подобри можно е да се воведе и задолѓително спроведување во објект за карантин и затворска казна за несовесните граѓани кои не ги почитуваат препораките на епидемиолозите.
Армијата од утре ќе се приклучи на полицијата во патролирањето во урбаните средини и ќе помага во обезбедувањето на границата заедно со граничната полиција.
„ Почнувајќи од утре ќе биде забележано значително присуство на Армијата, комбинирано во заеднички патроли и активности, за обезбедување на сите државни граници на нашата татковина. дел од армискиот состав ќе се вклучи во комбинирани заеднички патроли со полициските службеници во обезбедување на одредени витални државни објекти, како и влезни и излезни комуникации, но во координации со Владата и во дополнителни ангажмани“ , изјави началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на прес-конференција пред Генералштабот на Армијата.
Проценките на Генералштабот се дека засега нема потреба за мобилизација на резервниот состав на Армијата.
Генералот додаде оти од пред два дена по прогласувањето на вонредната состоба во нашата земја, Армијата спроведува и извршува дополнително значителни обврски и задолженија, а веќе реализираат заеднички активности во поддршка на МВР.