Одложено судењето на организаторите на „Крвавиот четврток“

Увид во доказите на Обвинителството е причината поради која денеска се одложи стартот на судскиот процес кој сега е презакажан за 26 февруари

СКОПЈЕ – Судот се обврза дека сите докази со кои располага ќе им бидат доставени на бранителите.

„Тие докази обвинетите треба да ги имаат пред да се произнесат по вина. Сметам дека не се исполнети условите да се одржи денешната расправа. Бараме како што е ред тие докази да ни бидат доставени за да може расправата да продолжи“, изјави Наков.

Застапникот на обвинението, шефот на обвинителството за организиран крминал, Вилма Рускоска, кажа дека сите докази освен листинсите од мобилните оператори веќе биде доставени до одбраната, која пак досега предложила сослушување на околу триста сведоци со што се обидува да го оддолжи судскиот процес. Таа побара од судот да и наложи на одбраната да достави записници од сослушување на нивните сведоци.

„Лично сметам дека ова е само во насока на одложување на постапката“, изјави Русковска и додаде дека судот не смее да ги прифати предложените тристотини сведоци.

Бранителот на екс шефот на УБК, Владимир Атанасовски, адвокатот Јордан Апостолски смета дека обвинителниот кат не е издржан и дека стои на „стаклени нозе“.

„Нема никакви докази дека има било каква вмешаност. Сметаме дека обвинението е на стаклени нозе со цел само да се оцрни мојот клиент“, изјави Апостолски и дополните дека тој предложил само десетина сведоци.

На обвинителната клупа се Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Сприо Ристовски и Владимир Атанасовски кои се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Во истрагата беа опфатени и екс премиерот Никола Груевски и припадникот на УБК, Никола Бошкоски, кои се во бегство во Унгароија односно Грција каде добија азил. Обвинителството одлучи да не поднесе обвиниение против нив и да чека да бидат испорачани во Македонија и тогаш да им се суди.

Според обвинителниот акт Јанакиески и Ристовски добивале инструкции и насоки од тогашниот лидер на партијата Никола Груевски и испраќале пораки по претседателите на месните комитети за протестот да добие масовност. Вељаноски пак имал задача по секоја цени да го спречи изборот на Талат Џафери на занов собраниски спикер. Атанасовски пак бил задолжен за координацијаи мобилизација на членовите на патриотските друштва а потоа и дал наредба да се одземат хард дисковите со снимките од безбедноските камери поставени во Собранието за да ги сокрие трагите и да ги уништи доказите. Никола Бошкоски пак, кусо по упадот во Собранието, со „голф“ на Управата за безбедности и контраразузнавање донел пиштоли, панцири и автоматско оружје кое требало да биде искористено во нападот.

„Осомничените како организатори ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта и овозможиле континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите. Со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучиле патриотски здруженија и ангажирале лица за извршување на насилство. Воедно од седиштето на политичка партија континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови. Во исто време, еден од осомничените со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието а биле наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје“, стои во бовинителниот акт.

За насилствата во Собранието, на 15 март минатата година на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица. Највисока казна од 18 години затвор доби Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Игор Дурловски беше единствениот кој доби ослободителна пресуда.

На почетокот на процесот на обвинителната клупа беа 33 лица меѓу кои беа и петмина пратеници. Меѓутоа, по носењето на Законот за амнестија во декември 2018 година, амнестирани беа 15 обвинети вклучувајќи ги и пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски кои ја отворија вратата од Собранието за толпата да упадне внатре и да ги нападне и претепа нивните колеги во Парламентот.