СКОПЈЕ - Два часа претсавниците на невладините организации и надлежните во вилата „Водно“ ги соочуваа своите аргументи и предлози за тоа што треба да се стори за да се почне со конкретно решавање на проблемот со загадувањето на животната средина, проблем кој станува се поакутен во Македонија.
Според организаторот, претседателот Пендаровски, реазлизирана е главната идеја, подигање на свеста во јавноста и кај надлежните.
„Главната идеја беше да ја кренеме јавната свест за еколошката безбедност и таа ја реализиравме. Да дадеме импулс ова прашање да се третира системски а не ад-хок“, рече Пендаровски.
Тој кажа дека целта на средбата во рамките на Советот за безбедност била за невладините да ги соочат своите аргументи со надлежжните во државата и да предочат што тие мислат за мерките на надлежните кои ги превземаат и што треба да се превземе. Според Пендаровски, имало конструктивен придонес од двете страни, немало расправии и зајадливи коментари и непочитување.Претседателот додаде и дека Стратегијата за одбрана не содржела мерки во случај на еколошка небезбедност и затоа ја вратил на доработка и нагласи дека не случајно во неговото годишно обраќање се заложил за зголемување на државниот буџет за заштита на човечката околина кој треба да биде во рамките на оние на дрѓавите членки на ЕУ.
Двете страни се сложиле дека станува збор за комплексен проблем кој бара време за решавање и дека е тешко да се постават рокови.
„Во заштита на човековата околина не може да поставите рокови, нема цел. Не може да завршиме и да си заминеме дома. Секогаш има повеќе и подалеку и во таа смисла не гледам како може да се постави рок. Имаше разговори за сосема конкретни случаи како ОХИС и линданот каде имаше совпаѓање. Двете страни се согласија дека во овој сегмент нема брзи фиксови и не може да се реши во еден мандат. Секому е јасно дека еден градоначалник, министер или претседател не може да го реши овој проблем во еден мандат. Само така може да се оди напред“, претседателот Пендаровски во своето обраќање по средбата.
Во текот на разговорите владините претставниципрезентирале бројки според кои на ова поле во последните 20 години никогаш не е направено повеќе, но невладините останале на ставот декаработите во оваа област треба да се придвижуваат побрзо, подлабоко и системски за да може да живееме во здрава животна средина.
Животната средина и заштита на човековата околина е поглавје 27 во рамките на преговорите со ЕУ, а според Пендаровски тоа ќе биде едно од најтешките и најскапите и затоа мора да бидеме добро подготвени.
„Уште сега, грубо кажано поглавјето 27 ќе не чини околу пет милијарди евра. Станува збор за исклучително важен сегмент од животот на луѓето кој е третиран како политички проиритет во ЕУ и НАТО. Затоадавам поддршка за формирање на Национален фонд за заштита на човековата околина“, додаде претседателот.
Претставниците на граѓанскиот сектор испорачаа четири конкретни барања - забрана за увоз на отпад, преразгледување на сите елаборати за хидроцентрали во заштитени подрачја, полициска поддршка на испекциските контроли за животна средина и контрола на дивоградбите.
Тие очекуваат дека ќе се донесат решенија на највисоко државно ниво но остануваат скептични дека веднаш ќе се пристапи кон решавање на проблемите. Тие остануваат на ставот дека нема добра комуникација меѓу секторите во оваа Влада, исто како ии во претходните.
„Кога првпат ќе имате можност да седнете со целиот државен врв и нема можност да се препрати вината на некој друг што е надвор, а не е на масата, ќе видите дека координацијата меѓу министерствата не е на најдобро ниво. Тоа е една од причините зошто сме тука, каде што сме. За жал, сите институции од осамостојувањето до денес не видоа дека ова е проблем што треба да се решава децениски. Затоа е големото нетрпение кај нас и кај граѓаните на ваквите изјави, дека за прашањето треба повеќе време“, изјави Душко Груевски од организацијата „Еко Фронт“ од Битола.
Во однос на другите теми кои беа на дневен ред на Советот, од Кабинетот на претседателот информираа дека земјава засега има свои војници во БиХ, Либан, Авганистан и на државните граници, а состојбата со сите контингетни е редовна. Оперативно-техничка агенција (ОТА) е на ниво на задачата и работите околу нејзиното екипирање се одвиваат со посакуваното темпо, иако е формирана пред само година и пол.
Од стандардниот состав на Советот за безбедност, отсутни биле само двајца, претседателот на Собранието Талат Џафери поради обрвски во Парламентот и професорот Трајан Гоцевски од здравствени причини. Дополнително поканети на седницата, навдор од редовниот состав, биле, како што информираше претседателот Пендаровски, директорите на Агенцијата за национална безбедност, на Агенцијата за разунавање и на ОТА, како и началникот на Генералштабот на АРМ.