Бојан Јовановски - Боки 13: Животот ми е во опасност, потребна ми е болничка нега

Your browser doesn’t support HTML5

Јовановски денеска беше во Апелација каде треба да се одлучи околу неговата жалба за укинување на мерката притвор. Вели дека ќе ја докаже својата невиност во скандалот

Бојан Јовановски - Боки 13, првоосомничен во случајот „Рекет“, бара да биде префрлен во болница поради компликации од хируршки зафат и влошено здравје. Неговиот адвокат Сашо Дуковски, денеска, на јавната седница на Апелација, каде се одлужува по жалбата за продолжување на притворот достави медицинска документација која ги потврдува наодите на Јовановски.


Јовановски обраќајки се до судиите кажа дека иако физички изгледа добро и е во добра психичка состојба, тој се соочува со сериозни здравствени проблеми. Прегледите покажале дека тој имал пресечен нерв на желудникот при последниот хируршки зафат поради кој често повраќал. Исто така тој додаде и дека имал проблеми со кичмата и со белите дробови. Не се пожали на третманот во затвор.

Бојан Јовановски пред Апелационите судии вети дека нема да бега бидејќи како што кажа живее да ја докаже својата невиност за случајот „Рекет “ и најави дека ќе учествува во фер кривична постапка


Бојан Јовановски пред Апелационите судии вети дека нема да бега бидејќи како што кажа живее да ја докаже својата невиност за случајот „Рекет “ и најави дека ќе учествува во фер кривична постапка.

Апелацискиот суд има рок од неколку дена да одлучи по жалбата на Јовановски.

По седницата тој и неговиот адвокат продолжија во Обвинителството за гонење на организиран криминал каде вршеа увид во доказите кои Рускоска и нејзиниот тим ги имаат собрано. Вештачењето е завршено но засега нема најава кога Јовановски ќе даде исказ.

Обвинителството, минатиот понеделник соопшти дека истрагата која се однесува на рекетирањето на бизнисменот Орце Камчев е завршена. Јовановски и Јанева сè уште вршат увид во доказите и се очекува во текот на идната недела да дадат исказ пред обвинителката Вилма Рускоска.