СКОПЈЕ - Собранието попладнево во рамки на 110-та седница со 64 гласа „за“ и 18 „против“ ја избра Нина Ангеловска за министер за финансии, а со 61 гласа „за“ и 21 против го избра Хисен Џемаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима.
Нина Ангеловска, на 31-годишна возраст е првата жена министерка за финансии и една од најмладите министри во овој ресор. Во домашната јавностАнгеловска е препознатлива како сопственичка и извршна директорка на „Групер“, првиот македонски онлајн сервис за купување преку групни попусти.Најавувајќи ја својата кандидатура тааизјави дека ќе вложи максимум во унапредување на фискалната транспарентност и домаќинско раководење со парите на граѓаните.
Во нејзината биографија стои дека е родена во 1988 година, средното образование го завршува во гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“ а во 2010 година дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Економски факултет на департманот Е-Бизнис како најдобар студент на генерацијата и со постигнат успех од 9,94. Во 2012 година Ангеловска станува магистер на економски науки во областа на е-бизнис менаџмент, во 2013 ги почнува докторските студии и во 2016 година се стекнува со научен назив доктор на науки по организациски науки и управување при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.
Опозицијата жестоко го критикуваше премиерот Зоран Заевпоради неговиот избор на Ангеловскабидејќи станува збор за една од најсериозните функции во Владата а кандидатот немал доволно искуство. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев денеска повторно ја обвини Ангеловска дека во нејзината компанија биле „делени пари на рака“ додека премиерот Заев одговори дека компанијата правела аутсорсинг.
Новиот министер без ресор задолжен за домашни инвестиции, Хисен Џемаили е роден во 1976 година и живее во Тетово, каде и го завршил средното образование. Во 2000 година се стекнува со диплома професор по географија и историја на Универзитетот „Луиѓ Гуракуќи“ во Скадар, Албанија, а во 2011 година станува магистер по менаџмент на животна средина. Во официјалната биографија албанскиот јазик е наведен како мајчин, а зборува и македонски и англиски јазик. Тој од 2012 работи како редовен асистен професор на Универзитетот во Тетово, на катедрата по географија. Од 2013 до 2017 година Џемаили е претседател на Совет на општина Тетово, а од 2008 до 2011 година е пратеник во Собранието.
За заменици министри се предложени Кирил Колемишевски за економија, Елизабета Наумовска за образование и наука и Неџад Мехмедовиќ за заменик-министер во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, а според премиерот Заев станува збор за „луѓе кои се образовани и со големо практично искуство“.
„Знам дека нивната мотивација дополнително ќе даде резултат кој ќе биде во функција на севкупниот абиент што сака државата да го направи, а тоа е задоволни граѓани, кои живеат во среќно општество во кое се гледа унапредувањето на самите институции кои постојат да им служат на граѓаните. Искуствата што ги имаат стекнато со работата и професионалниот ангажман тие сега добиваат можност да ги вградат во вака важни ресори за иднината на граѓаните“, рече премиерот Заев.
Седницата на Собранието продолжува и допрва треба да се расправа и гласа околу трите предлози за заменици министри.