Во октомври ќе се одлучува за датум за преговори со ЕУ

Ваква одлука донесоа денес министрите за надворешни работи на Унијата

Mинистрите за надворешни работи на земјите - членки на Европската Унија се договорија да го разгледаат прашањето за отворање преговори со Северна Македонија во октомври.

Тие одлучија дека ова е важно прашање и поради ограниченото време на него ќе се навратат не подоцна од октомври годинава.