Руската полиција го привела опозицискиот лидер Алексеј Навални и 100-тина други на протести во Москва, кои повикувале на одмазда против полицијата заради наводно „местење“ на познат, новинар, вели мониторската група ОВД-инфо, која следи политички апсења. Групата тврди дека во вторникот полицијата уапсила 94 лица, од кои многумина со сила.
Неавторизираниот собир уследи по неочекуваната одлука на полицијата да се откаже од обвиненијата против новинарот Иван Голунов, кој минатата недела беше обвинет за поседување дрога во неговиот стан. Голунов има репутација на откривање на корупција кај градски претставници на Москва. Тој ги негира обвиненијата.
Властите велат дека случајот бил отфрлен во понеделникот, заради недостиг на докази.