Мулер вели дека нема незаконско постапување од страна на Трамп или од неговата кампања

Главниот обвинител го објави резимираниот извештај на Роберт Мулер кој ова го заклучил по речиси двегодишна истрага

Специјалниот советник Роберт Мулер вели дека ниту Претседателот Доналд Трамп, неговата кампања, ниту било кој поврзан со неа заговарал со Русија за мешање во претседателските избори, според резимираниот извештај од Главниот обвинител Вилијам Бар објавен во неделата.

На прашањето за тоа дали Трамп се обидел да ја попречи правдата со мешање или со обид да се измести од колосек истрагата на Мулер, Бар кажа: "Извештајот не заклучува дека претседателот извршил криминал, но исто така не го ослободува". Бар го објави долгоочекуваниот извештај за 22-месечната истрага по наводите дека кампањата на Трамп работела заедно со Русија за влијание на изборите во корист на Трамп.

Бар го испратил сумаризираниот извештај до Конгресот и го објави во јавност во неделата. Мулер го достави својот извештај до Одделот за правда во петокот.

"Истрагата на Специјалниот советник не најде дека кампањата на Трамп или кој било поврзан со неа координирал ...со руската влада во нејзините активности на мешање во изборите," стои во резимето на Бар.

Бар кажа дека тоа е заклучокот на извештајот и покрај тоа што тој вели дека имало "повеќе понуди од поединци поврзани со Русија да помогнат на кампањата на Трамп."

Според Бар, Мулер не заклучил дека Трамп ја опструирал правдата, префрлајќи го тоа прашање кај Бар и Заменик-главниот обвинител Род Розенстаин. Бар пишува дека нема доволно докази да се заклучи дали Трамп направил кривично дело опструкција на правдата. Тој рече дека тоа не е засновано на верување дека актуелен претседател не може да биде кривично обвинет.

Сумаризираниот извештај на Бар забележува дека за време на речиси двегодишната истрага, Мулер имал 19 адвокати и 40 агенти на ФБИ кои работеле со него, издал повеќе од 2.800 судски покани, разговарал со околу 500 сведоци и извел близу 500 претреси.