Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека преговорите на двопартиската група во Конгресот за финансирање на ѕидот на границата со Мексико се „губење време“.
Трамп, во интервју за „Њујорк тајмс“ повтори дека можеби ќе прогласи вонредна состојба за да излезе од овој ќор-сокак и да го изгради ѕидот без конгресно одобрување.
„Ќе продолжам да го градам ѕидот и ќе го зваршам. Дали ќе прогласам вонредна состојба или не ќе видите. Јас ја поставив основата и тоа ќе го направам“, рече Трамп.
Ако не се постигне договор за граничната безбедност за помалку од три недели што Трамп би го потпишал, може да се случи ново владино затворање.
Ако, пак, Трамп прогласи вонредна состојба демократите се очекува веднаш одлуката да ја оспорат пред суд.
Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси вчера изјави дека би поддржала други видови бариери на границата со Мексико, што Трамп го отфрли како неприфатливо.