Американски војници загинале во денешниот напад во Сирија, што се случи во градот Манбиџ. Информацијата за загинати припадници на американската армија ја потврди портпаролот на коалицијата што САД ја предводат во Сирија.
„Припадници на американските единици денеска се убиени во експлозија за време на рутинска патрола во Сирија. Сè уште прибираме информации и наскоро ќе споделиме дополнителни детали“, објави на Твитер портпаролот на коалициските сили во Сирија.
U.S. service members were killed during an explosion while conducting a routine patrol in Syria today. We are still gathering information and will share additional details at a later time.
— OIR Spokesperson (@OIRSpox) January 16, 2019
Според локалните официјални претставници и според Сириската опсерваторија за човекови права, експлозијата се случила во мигот кога патролата поминувала покрај ресторан во близина на главниот пазар во Манбиџ.
Во детонацијата, според досегашните информации, загинале седум цивили, а деветмина биле ранети.
Одговорноста ја презеде ИСИЛ, од каде тврдат нападот го извел нивни бомбаш самоубиец.