Северна и Јужна Кореја отворија заедничка канцеларија за врски

Целта е затоплување на меѓусебните односи

Северна и Јужна Кореја отворија заедничка канцеларија за врски во северниот град Каесонг во правец на затоплување на односите спроти посетата на претседателот Мун Џае Ин во Пјонгјанг следната недела.

Мун се очекува да има тридневна посета на Северна Кореја, што ќе биде трета средба со севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун годинава.

Претходно, јужнокорејскиот лидер му пренесе дека Вашингтон треба да ја предводи меѓународната заедница во убедувањето дека Северна Кореја треба да се откаже од програмата за нуклеарно оружје.

Соопштението на Мун доаѓа само еден ден откако Белата куќа објави дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун испратил позитивно писмо до претседателот Доналд Трамп, во кое бара втора средба со него.