In memoriam: Киро Глигоров
Киро Глигоров, Претседател на Македонија
На 3 октомври 1995 година беше извршен обид за атентат врз претседателот Глигоров. Загина неговиот возач, член на обезбедувањето и ранети беа тројца случајни минувачи.
Македонскиот претседател Киро Глигоров пристигнува на Света литургија за Божиќ во црквата во центарот на Скопје, на 7 јануари 1996. Ова е негово појавување во јавноста по преживувањето на обидот за атентат на 3 октомври 1995.
Македонскиот претседател Киро Глигоров разговара со американската амбасадорка во ОН, Медлин Олбрајт во Скопје во март 1996. Олбрајт е во Скопје за отворањето на Американската амбасада.
Групна фотографија на новата македонска Влада со македонскиот Претседател Киро Глигоров, во Скопје декември 1998. Новата Влада е сочинета од 13 членови на ВМРО-ДПМНЕ, 8 членови на ДА и 5 членови на ДПА.
Американскиот Секретар за одбрана Вилијам Коен се ракува со македонскиот Претседател Киро Глигоров во Скопје, во декември 1997. Секретарот Коен ги посети американските трупи во базата Петровец.
Претседателот Борис Јелцин наздравува со колегата Киро Глигоров на прием во Кремљ, во Москва, во јануари 1998. Јелцин и Глигоров потпишаа декларација за пријателство и соработка, прв таков документ меѓу Русија и Македонија.
Собата во која живеел Мустафа Кемал Ататурк додека учел на Воената академија во Битола. Од лево на десно: Киро Глигоров, турскиот Претседател Сулејман Демирел, Нада Глигорова и Назмие Демирел. Битола, октомври 1998.
Грчкиот премиер Костас Симитис го пречекува Киро Глигоров пред средбата на која треба да се разговара за билатерални прашања во ноември 1997. Двајцата лидери присуствуваат на првиот самит на државите од Југоисточна Европа на Островот Крит.
Принцот од Велс на разговор со Претседателот Киро Глигоров, во Скопје, ноември 1998.
Францускиот Претседател Жак Ширак и Претседателот Киро Глигоров ја слушаат француската национална химна по пристигнувањето во Македонија. Скопје, февруари 1999.
Првата дама на САД Хилари Родам Клинтон се среќава со Киро Глигоров при нејзината посета на Скопје во мај 1999. Клинтон соопшти давање 21милион долари помош за бегалците Косово и македонските семејства кои ги прифатија.
Генералниот секретар на ОН Кофи Анан на средба со Киро Глигоров во Скопје, мај 1999.
Македонскиот претседател Киро Глигоров на средба со американската државна секретарка Медлин Олбрајт, во Скопје, јуни 1999.
Киро Глигоров го пречека германскиот канцелар Герхард Шредер во Скопје, во јули 1999.
Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО Весли Кларк се ракува со Киро Глигоров во Скопје, во март 1999.
Киро Глигоров го пречекува на аеродром американскиот претседател Бил Клинтон во јуни 1999. Клинтон и неговото семејство потоа ги посетија бегалците од кризата во Косово.
Претседателот Киро Глигоров се ракува со герменскиот Министер за надворешни работи Клаус Кинкел, на средба во Скопје, во октомври 1997.
Киро Глигоров за време на инаугурацијата на претседателот Борис Трајковски, во Скопје, на 15 декември 1999. Трајковски е вториот македонски претседател од независноста на Македонија.
Киро Глигоров ја поздравува првата дама на САД, Хилари Родам Клинтон, која пристигна на еднодневна посета на Македонија со нејзината ќерка во јуни 1999.
Претседателот на Италија Оскар Луиџи Скалфаро и Претседателот Киро Глигоров, во Скопје.