Претседателот Барак Обама говори за Денот на воените ветерани на церемонија на Националните гробишта во Арлингтон, сојузната држава Вирџинија. (AP Photo/Evan Vucci)
Припадник на Националната почесна гарда го следи говорот на претседателот Обама на Националните гробишта во Арлингтон. (AP Photo/Pablo Martinez Monsivais)
Полагање на венец на Гробот на незнајниот јунак на Националните гробишта во Арлингтон. (AP Photo/Pablo Martinez Monsivais)
Пристигање на церемонијата на Националните гробишта во Арлингтон по повод Денот на воените ветерани. (AP Photo/Evan Vucci)
Прегратка од потпретседателот: Џо Бајден со воената ветеранка од морнарицата Рути Северино по говорот за Денот на воените ветерани во Пенсилванија. (AP Photo/Alex Brandon)
Алисон Малачовски, мајка на маринецот Џејмс Малачовски, крај неговиот гроб на Националните гробишта во Арлингтон. Џејмс загина на 25-годишна возраст во борбена операција во покраината Хелманд во Авганистан на 20-ти март 2011-та.
Џејмс Џерард, ветеран од Корејската војна, на церемонија по повод Денот на воените ветерани во Сан Антонио, Тексас. (AP Photo/Eric Gay)
Почесна гарда на церемонијата по повод Денот на воените ветерани во Сан Антонио, Тексас. (AP Photo/Eric Gay)
Тејлор Нортон става американско знаме пред Споменикот на виетнамските ветерани во Синсинати. (AP Photo/Al Behrman)
Фред Полнич како "чичко Сем" на парадата за Денот на воените ветерани во Албани, Њујорк. (AP Photo/Mike Groll)
Маринци со знамиња на парадата за Денот на воените ветерани во Пенсилванија. (AP Photo/Alex Brandon)
Маринци на парада за Денот на воените ветерани во Пенсилванија. (AP Photo/Alex Brandon)
Денот на воените ветерани го одбележува датумот во 1918-та, таканаречениот „11-ти час на 11-от ден во 11-от месец“ кога беше потпишан прекин на огнот во Првата светска војна.Фотографии AP