Трамп: Нашите земјоделци се нашата иднина

Your browser doesn’t support HTML5

Претседателот на САД со поддршка за фармите во рурална Америка

Претседателот на САД Доналд Трамп, се обидува да ја интензивира поддршката за базата симпатизери во рурална Америка, сегмент на националната економија, што заостанува зад растежот во урбаните области.

Во Нешвил, сојузната држава Тенеси, пред Американската федерација за фарми (American Farm Bureau Federation), една од најголемите организации за лобирање за земјоделски интереси во САД, Трамп истакна дека неодамна потпишана законска регулатива за даноци, ќе им користи на фармерите.

„Знаеме дека нашите земјоделци се нашата иднина. Ги отстрануваме штетните ограничувања за шумарството. Значи, ќе имате повеќе градежен материјал, ќе можете да засадувате повеќе дрвја и да извезувате повеќе обновливи ресурси во други земји, притоа правејќи пари“, подвлече американскиот претседател.

Трамп воедно потпиша две извршни наредби за подобар и побрз интернет во руралната Америка.