„Јас го разбирам чувството на поразениот и апелирам како и досега на одговорност. Во врска со парламентарните избори уште сега се знае резултатот. Македонија има многу пред себе што треба да сработи. Затоа немам никаков коментар, освен дека нема ништо од она што беше прочитано на прес-конфренцијата на Никола Груевски“, рече Заев.
Тој најави дека засега нема да има предвремени парламентарни избори зашто „се знае“ каков резултат ќе донесат.
Заев потенцираше дека изборите биле чисти, фер и демократски.
За коалицирањето на Зијадин Села со БЕСА, лидерот на СДСМ рече дека ставовите се исти и дека нивната позиција во делот на изборите ја претставиле пред изборите.
„Села коалицираше со БЕСА и некои други партии, тоа е нивен избор. Ние сме тука за да работиме во интерес за сите граѓани, без разлика на нивната политичка припадност“, порача Заев.