Покренати обвиненија во случајот „Панамски документи“

Обвинети се поранешниот пакистански премиер Наваз Шариф, неговата ќерка Меријам и зетот Мухамед Сафдар

Поранешниот пакистански премиер Наваз Шариф е обвинет за корупција, што произлегува од информациите добиени од таканаречените „Панамски документи“.

Антикорупцискиот суд на земјата го обвини 67-годишниот Шариф за време на сослушувањето во четвртокот во Исламабад.

Адвокатот на постариот Шариф, кој е во Лондон со својата сопруга која боледува од рак, изјавил дека е невин.

Неговата ќерка Меријам и зетот Мухамед Сафдар, исто така се обвинети. Појавувајќи се на суд, и тие се изјаснија за невини.

Шариф беше дисквалификуван од страна на Врховниот суд во Пакистан и беше отстранет од функцијата во јули, откако минатата година протекоа документи од адвокатска фирма со седиште во Панама, кои покажаа дека семејството имало голем непријавен имот во странство.