Додека полицијата се обидува да ги открие мотивите на 64-годишниот Стивен Падок, кој во неделата уби 59 лица, и повреди речиси 600-тина други, лидерите на различни вери, ноќеска се менуваа, звонејќи ја камбанаријата на Католичката катедрала во Лас Вегас. Камбанаријата одѕвозни по еднаш за секоја од жртвите на најголемото масовно убиство во поновата американска историја.