Џафери: Мислам дека Иванов ќе го почитува рокот за мандатот

Ако не го даде мандатот, Иванов ќе остане запаметен во историјата дека не ја исполнил својата должност, рече новиот спикер на Парламентот

„Мислам дека претседателот Ѓорге Иванов ќе го почитува уставниот рок од десет дена да го даде мандатот“, изјави за Гласот на Америка, новиот претседател на Собранието Талат Џафери, по денешната средба во Брисел со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

„Верувам дека сите извлекоа поука од настаните во Собранието на 27-ми април, за да не може повеќе вакво нешто да се повтори. Согласно нашиот Устав, надлежност за избор на владата има Собранието, и во тој контекст мислам дека Иванов, со недавање на мандатот, би останал запаметен во историјата на политичкиот живот, како некој кој не ја исполнил својата должност“, рече Џафери.

Хан по средбата со Иванов, порача Собранието да работи непречено, и сите, вклучувајќи ја и опозицијата, да делуваат конструктивно.