Раководителката на американската Централна банка вели дека ново истражување ја потврдува важноста од инвестирањето во раното образование на децата
Во говор во Вашингтон, Џенет Јелен кажа дека е евидентно оти „да се расте како сиромашен, прави потешко да се успее како возрасен.“
Истражување од страна на федерални експерти покажува дека сиромаштија за време на детството прави помалку веројатно дека луѓето ќе бидат вработени како возрасни, и ги намалува нивните шанси за имање на стабилно работно место и соодветен приход.
Јелен вели дека истражувањето исто така, ја нагласува вредноста на инвестирањето во работната сила и во вештини како што се математика, писменост, тимска работа, комуникација, како и способност за разрешување на конфликти.
Таа вели дека со давањето на добра основа на децата ќе помогне во изградбата на посилна американска економија. Таа ги повика политичарите внимателно да го разгледаат влијанието на предложените политики врз иднината на децата и нацијата.