Во рации кои започнале мината недела американските имиграциони власти уапсиле стотици имигранти кои во САД живеат илегално.
Акции биле спроведени во најмалку шест сојузни држави, вклучувајќи ги градовите Атланта, Чикаго, Њујорк и Лос Анџелес, каде биле уапсени повеќе од 160 лица.
Вишиот политички советник во Белата куќа, Стивен Милер за емисијата Оваа недела на АБЦ телевизијата кажа дека акциите биле фокусирани на членови на банди, трговци со дрога и сексуални престапници.
Имиграционите власти велат дека рациите не се поврзани со извршната наредба на претседателот Доналд Трамп од минатиот месец за справување со 11 милиони недокументирани имигранти кои живеат во САД.
Трамп на Твитер напиша дека депортациите се „само одржување на зборот даден во кампањата“.