Доделена Нобеловата награда за медицина

Професорот на Институтот за технологија во Токио, Јошинори Охсуми ја доби наградата за истражување на аутофагијата

Јапонскиот научник Јошинори Охсуми е годинешниот добитник на Нобеловата награда за медицина за неговата работа на аутофагијата – наука за тоа како клетките се разградуваат и ги рециклираат нивните делови.

„Неговите откритија го отворија патот за разбирање на фундаменталното значења на аутофагијата во многу физиолошки процеси, како при адаптацијата на гладувањето или одговорот на инфекцијата“ се вели во соопштението на комитетот за Нобеловата награда чија сума изнесува 930.000 долари.

„Аутофагијата е позната повеќе од 50 години“ се вели во соопштението „но фундаменталното значење во физиологијата и медицината беа препознаени по истражувањата на Јошинори Охсуми во 1990 те години.“

Ова е прва во серијата Нобелови награди кои се доделуваат секоја година.

Наградите за физика, хемија, мир, економија и литература ќе бидат објавени неделава и следната недела.