На собирот насловен „Без држава, но не и без глас“ говорниците се согласија дека гласот на Сиријците е важен за разрешување на кризата во земјата, што до сега не е земено предвид.
Војната таму е веќе во петта година и со секој продолжителен ден ја продолжува и агонијата на оние кои се принудени да ја напуштат државата стравувајќи за сопствениот живот. Светот е соочен со бегалска популација која има потреба од образование, интеграција, здравствената грижа и заштита од ксенофобија и насилството.
Салим Саламах, директор на Палестинската лига за човекови права и советник на Генералниот секретар на Обединетите нации смета дека меѓународната заедница предолго ги игнорира проблемите:
„Дојдовме во ситуација во која траба да се справиме со многу проблеми наеднаш, и сите тие се со висок приоритет.“
Активистите велат дека без прекин на граѓанската војна и насилствата во Сирија, не може да се постигне решение за кризата. Руба Маисен вака тоа го артикулираше:
„Никој не прави ништо за да се реши бегалската криза. Не станува збор за финансирање или немање искуство. Причините се политички.“
Активистите се обидуваат да бидат гласот на безгласните бегалци, и од Вашингтон заминуваат за Њујорк, каде ќе учествуваат на Самитот за бегалци на Обединетите Нации што ќе се одржи во понеделник.