Путин – пријател или непријател на Европа?

  • Јела де Франчески
Еве како одговорија тројца европски амбасадори ова прашање, на настан во Германскиот маршалов фонд во Вашингтон.

Your browser doesn’t support HTML5

Aмбасадор Петер Витиг

Германскиот амбасадор Петер Витиг:

„Путин е претседател на наш важен сосед, географски џин, важна држава и држава што влијае на нашите животи во Европа. Традиционално ние имаме многу блиски врски со Русија и со нејзините лидери. Канцеларката (Меркел) е личност што разговара со рускиот претседател многу често. Таа го зборува неговиот јазик и тоа помага понекогаш. Немаме избор, сеедно дали се слагаме или не со политиката на Путин – мораме да разговараме. Понекогаш не` критикуваат дека сме премногу спремни да разговараме со него за различни конфликти, но во светот и во Европа, не гледаме друга алтернатива.

Your browser doesn’t support HTML5

Амбасадор Дејвид Саливан

​Амбасадорот на ЕУ Дејвид Саливан:

Последниве 20 години сме го ангажирале Советскиот сојуз како полноправна членка на заедницата на нации, како демократија, како голем партнер, многу важен играч на европскиот континент. Се` што сме правеле одело во таа насока, вклучувајќи обид да преговараме за трговски договори, поддршка за руското влегување во Светската трговска организација, членство во Г7, Г8. И мислам дека тоа е ставот на повеќето луѓе во Европа спрема Русија... Но, анексијата на Крим ја промени играта. Беше шок за системот. Моравме да се спротивставиме.

Your browser doesn’t support HTML5

Амбасадор Сер Ким Дарок

​Британскиот амбасадор Сер Ким Дарок:

Русија е важен играч. Клучно е да продолжиме да зборуваме со нив. Клучно. Имаме развиено голема лепеза на врски и односи со рускиот народ, но во моментов не ја гледаме Русија како конструктивна членка на глобалната заедница.

Сите тројца европски амбасадори го поддржуваат ставот дека санкциите на ЕУ спрема Русија треба постепено да се укинуваат во замена за напредокот во имплементирањето на вториот договор од Минск за прекин на војната во источна Украина – потпишан минатата година од Украина, Русија и бунтовниците во борбената зона.