Гласачите не треба да поднесуваат фото идентификација на избирачките места

Врховниот суд на САД го отфрли барањето за повторно воспоставување на контроверзното барање за идентификација на гласачите во Северна Каролина

Поделениот Врховен суд на САД одби повторно да ја воведе контроверзната мерка за идентификација на гласачите во Северна Каролина.

Судот го отфрли барањето на републиканскиот гувернер Пат Мекрори да биде обновен законот за кој Окружниот апелационен суд вели дека „има непропорционално влијае на Афро - американците“ во Јужна Каролина.

Окружниот апелационен суд поништи неколку делови од законот минатиот месец, велејќи дека кога биле одобрени од републиканските законодавци во 2013 –та година биле тенденциозни кои црните гласачи.

Како резултат нa акциите на Врховниот суд, предвременото гласање на овогодишните парламентарни избори ќе биде продолжено за 17 денови, и гласачите не мора да имаат фото идентификација на изборните места.

Мекрори кој го потпиша законот кажа дека со одлуката во Северна Каролина „биле скратени основните гласачки права“ и дека „четворицата либерални судии“ ги „блокирале заштитните механизми во Северна Каролина кои ги овозможуваат нашите чувствителни гласачки права.“

Судот беше поделен со 4 наспроти 4 по мерката, со тоа што конзервативните судии ја подржаа сојузната држава.

Поделбата илустрира колку е поделен Врховниот суд по прашањата за гласачките права и како исходот од претседателките избори ќе одреди во кој правец ќе се движи одлуката на судот.

Судот работи со осум судии по смртта на судијата Антонин Сколиа во февруари.