Најмалку шест лица беа убиени и повеќе од 120 повредени по експлозијата на два автомобили бомби во близина на полициски станица во Источна Турција
Првата експлозија се случи во провинцијата Ван, во која загинаа полицаец и двајца цивили, а повеќемина беа повредени, меѓу кои и 20 полицајци.
Неколку часа подоцна, друг автомобил бомба експлодира во дворот на полициската станица во Елазиг, убивајќи тројца и повредувајќи 100 други.
Досега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападите, но властите ја обвинуваат курдските милитанти кои извршија слични напади минатите месеци во источна Турција.