Обама: САД остануваат во Авганистан

Зборувајќи од Белата куќа американскиот претседател кажа дека одлуката е порака до Талебан дека САД и меѓународната заедница остануваат на обврските во земјата

Планот на претседателот Обама да задржи 8.400 војници во Авганистан до крајот на неговото претседателствување остави недоговорени прашања, како што е, кој е најдобриот пат понатака во време кога се влошува безбедносната ситуација, велат експертите.

Првично администрацијата планираше да го редуцира бројот на американските трупи од 9.800 на околу 5.500 до крајот на 2016-та година.

Но Обама објави дека безбедносната ситуација „останува опасна“ и тој се решил да задржи повеќе трупи отколку што планирал до крајот на неговиот мандат кој завршува на 20-ти јануари, 2017-та година.

„Талебан останува да биде закана. Тие освоија територии во некои области, и продолжија со самоубиствените бомбашки напади, вклучувајќи го и Кабул“ кажа Обама и додаде дека „бидејќи Талебан намерно врши напади врз цивилни цели, повеќе авганистански мажи, жени и деца умираат, и тоа може да се види во глобалната бегалска криза.“

Американските војници во Авганистан работат на две мисии, вклучувајќи тренинг и советодавна улога за авганистанската војска во борбата со Талебан и борба со екстремистите поврзани со Исламската држава кои се обидуваат да обезбедат присуство во земјата.

Тој исто така кажа дека неговата одлука за нивото на трупите, најдобро го позиционира неговиот наследник да донесе одлуки во врска со Авганистан.