Програмата започна во вторник и опфаќа 28.000 полицајци и други кои работат во системот за спроведување на законите.
Американскиот Оддел за правда започна со нова програма за обука на 28.000 припадници на полицијата, обвинители и други припадници на органите на редот за да препознаат и се справат со несвесните предрасуди кои ги имаат за време на работата.
Во обуката ќе бидат вклучени прашања за расата, етничката припадност, родот, верата, сексуалната ориентација, родовиот идентитет и социо-економскиот статус.
Заменик врховниот обвинител, Сели Јејтс кажа дека одделот има одговорност да осигура дека кривичниот систем е праведен.