Хроничната болка и зависноста од опијати

Во време кога американскиот Конгрес се фокусира на борбата со епидемијата со опијати во земјата, некои нови истражувања се фокусираат на хроничната болка, како на еден од причините поради кои луѓето стануваат зависници од лекови против болка.

Се проценува дека околу 30 илјади луѓе во САД годинава ќе умрат како директен резултат од злоупотребата на опијати. Според статистиката, САД трошат 80 проценти од опијатите препишани на рецепт во светот, а се проценува дека околу 100 милиони Американци секојдневно живеат со хронични болки.

Конгресот со ретка, двопартиска поддршка ги разгледува сите видови на иницијативи за борба против епидемијата и ограничување на слободниот проток на лекови против болка.

Во меѓувреме, некои научници истражуваат зошто нашиот природен одговор, болката може да трае многу подолго, иако повредата е целосно исцелена.

Некои мислат дека разбирање на тоа како функционираат нервните клетки може да ја отвори вратата за решавање на проблемот со хроничната болка и бранот на зависниот предизвикан од користењето на лекови против болка.