Третманот на странските новинари во Северна Кореја ја поткопува внимателно конструираната слика за владата на Ким Јонг Ун претставена на Конгресот на партијата кој се одржува во Пјонгјанг.
Северна Кореја протера тим на новинари од Би-би-Си, наводно затоа што властите не биле задоволни со нивните извештаи.
Руперт Вингфилд-Хајс, дописникот за Би-Би-Си од Токио, заедно со продуцентката Марија Берн и снимателот Метју Годард беа уапсени во петокот, пред да ја напуштат земјата. Вингфилд-Хајс бил испрашуван осум часа.
Тимот на БиБиСи ја посети земјата во пресрет на Конгресот на Работничката партија и бил придружуван со делегацијата на лауреати на Нобеловата награда кои спроведувале истражување за време на патувањето.
Тимот се приклучил на 130-те поканети странски новинари за покривање на почетокот на партискиот Конгрес на северно -корејската Работничка партија, најголем политички собир кој се одржал за неколку години.