Најмногу вработувања имало во деловниот и финансискиот сектор, како и здравствената заштита
Американската економија во месец април додала 160.000 работни места, додека стапката на невработеност останува непроменета и изнесува 5% или 7,9 милиони лица.
Според најновиот извештај на Одделот за труд, растежот е послаб од претходните проценки. Нови работни места биле најмногу отворени во деловниот и финансискиот сектор, како и здравствената заштита. Од друга страна, помалку вработувања имало во рударството, вклучувајќи го и нафтениот сектор.