Талебан ја презеде одговорноста за нападот во Кабул

Според извештаите во бомбашкиот напад во авганистанскиот главен град загинале најмалку 30 лица, и барем 327 се повредени

Нападот бил насочен кон зграда во која престојуваат претставници на специјалните единици на авганистанските безбедносни сили кои работат под команда на авганистанската разузнавачка агенција и се одговорни за заштита на владини претставници.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани го осуди нападот, што започнал утрото околу 9 часот по локално време откако бомбаш самоубиец детонирал возило со експлозив на влезот на објектот..

Во соопштението испратено до новинарите, портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид вели дека нападот бил насочен кон канцеларијата на авганистанската разузнавачка агенција.