Претседателот на САД Барак Обама се обрати пред светските лидери на крајот на вториот и последен ден од Самитот за нуклеарна безбедност во Вашингтон.
Тој кажа дека договорот за иранската нуклеарна програма „постигнал значаен успех и бил фокусиран на намалување на опасноста од нуклеарна пролиферација на вистински начин.“
Зборувајќи на собирот на лидерите П5+1 тој повтори дека за „целосната имплементација“ на договорот потребна е целосна соработка од меѓународната заедница.
Тој вчера изјави дека по терористичките напади како оној во Брисел, „не е само голема итноста околу нуклеарното прашање, туку и целосно елиминирање на злото на тероризмот“.
Четвртиот и последен нуклеарен самит се случува во време на зголемена загриженост во врска со можноста Исламската држава да направи радиоактивни бомби, како и за развојот на нуклеарно оружје во Северна Кореја.
Во Стејт департментот на министерската вечера, американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека имало моменти кога напредокот во нуклеарната безбедност бил бавен и останува „многу повеќе да се направи. Но секој чекор напред е чекор подалеку од опасноста.