Нови санкции за Северна Кореја

САД ги проширија санкциите против Северна Кореја по извршените нуклеарни и ракетни тестови.

Американскиот претседател Барак Обама го потпиша законот за наметнување на задолжителни санкции за сите кои го помагаат Пјонгјанг во нуклеарната и ракетна програма, кибернетиките напади и кршењето на човековите права.

Целта е да се одврати достапот на пари и технологија на Северна Кореја да развие минијатурни нуклеарни боеви глави и ракети со долг дострел.