Ден на донирањето

Вторник - ви декември е прогласен за ден кога луѓето од целиот свет се поттикнувани да дадат.

Денот, наречен #GivingTuesday (Вторник, ден на донирањето), е 24 часовна Интернет кампања посветена на поттикнување на луѓето да донираат за добротворни организации, волонтираат и поддржуваат филантропски напори.

Од 2012 година, правењето добри дела и инспирацијата за давање се шират преку Твитер хаштагот и се зачувани на веб - страниците на многу организации.

Според американската Кејс фондација која промовира филантропски напори, минатата година, #GivingTuesday собрал околу 45 милиони долари, а во САД се вклучени повеќе од 15.000 непрофитни групи. Оваа година се регистрирани повеќе од 30.000 организации.

„Има многу начини да се вклучите во #GivingTuesday - освен парични донации, донирање крв, облека, донирајте го вашето време," вели Хенри Тимс за USA Today. „Годинава дури постои кампања за поттикнување на донирањето на органи ."