Прв ден на важност на нуклеарниот договор

Значајниот нуклеарен договор помеѓу Иран и шест светски сили, вклучувајќи ги и САД, влезе во сила во неделата

Почетокот на важењето доаѓа еден ден откако Иран ги отфрли американските и француските тврдења дека неодамнешните тестирања на проектилите со далечински дострел прекршуваат резолуции на ОН, велејќи дека рестрикциите на Советот за безбедност единствено се однесуваат на проектили дизајнирани за носење нуклеарни боеви глави.

Викендов во Техеран, Министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, изјави дека „ниеден од проектилите на Иран нема нуклеарни способности“.

Изјавата на Зариф дојде еден ден откако американската амбасадорка на Обединетите нации, Саманта Пауер, рече дека проектилите со среден дострел „по природа се способни да пренесуваат нуклеарно оужје.“

Таа додаде дека Вашингтон соодветно ќе реагира во Советот за безбедност на ОН.

За Гласот на Америка, Пауер изјави дека наводниот прекршок нема да влијае на имплементацијата на нуклеарниот договор меѓу Техеран и шесте големи светски сили, постигнат во јули.