Унгарија ќе ја затвори границата со Хрватска

Мерката најавена како обид за справување со кризата со мигрантите на вратата на ЕУ

Унгарија ќе ја затвори границата со Хрватска на полноќ во обид да го запре бранот на илјадници мигранти кои дневно пристигнуваат во земјата, пред да го продолжат патешетвието за Северна Европа.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Шиџарто го објави ова по состанокот на Кабинетот за национална безбедност. Веќе е изградена железна ограда долж границата со Хрватска.

Тој рече дека Унгарија ќе продолжи да ги имплементира правилата за патување согласно Шенгенскиот договор со Хрватска и оти минување на границата ќе биде можно само преку граничните премини. Унгарија во септември веќе постави железна ограда долж границата со Србија.

Повеќе од 350.000 мигранти влегоа во оваа земја-членка на ЕУ во 2015-та, и унгарските власти стравуваат дека нивната бројка ќе надмине 700.000 до крајот на годината.

Во меѓувреме, лидерите од ЕУ на средбата во Брисел одобрија акционен план со Турција со надеж дека ќе го олеснат бранот на мигранти кон Европа.

Турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган ја крикуваше ЕУ дека не прифатила поголем број бегалци, и покрај акциониот план.