Руски проектил го соборил патничкиот авион над Украина

Netherlands, October 13, 2015.

Истрагата за несреќата на летот МХ17 на Малезија Ерлајнс над источниот дел на Украина водена од Холандија вели дека авионот бил соборен со проектил земја воздух истрелан од ракетен фрлач Бук, од руско производство.

Холандски официјални лица ги објавија своите наоди во центарот за конференции во Хаг, со делумно реконструиран дел од авионот во позадината заедно со метални фрагменти собрани од местото на несреќата во обид да се утврдат причините за уривањето на авионот.

Џибе Џустра, претседател на Холандскиот Одбор за безбедност им кажал на членовите на семејството и на медиумите дека авионот бил погоден на левата страна, од шрапнел по експлозија на проектил истрелан од земјата. Тој рече дека авионот се распаднал веднаш, додека се уште бил во воздухот.

Регионот беше сцена на борбите меѓу бунтовниците поддржани од Русија и украинските сили.

Државниот производител на ракети на Русија, Алмаз Антеј претходно изјавија дека нивна истрага покажува дека ракетата била истрелана од градот Зарошенске за кој велат дека бил под контрола на украинската влада во времето на несреќата.