Клинтон го предава серверот на приватниот имеил

Северот го користела за испраќање и примање пораки за време на нејзината служба како Државна секретарка на САД.

Портпарол на демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон во вторник кажа дека таа го предала приватниот сервер за имеил пораки што го користела за испраќање и примање пораки за време на нејзината служба како Државна секретарка на САД, на Одделот за правда.

Врз Клинтон беше вршен притисок од републиканските законодавци да го предаде серверот уште од март, кога беше објавено дека таа користела приватна имеил адреса за испраќање официјални пораки. Критичарите ја обвинуваа за обид за криење на контроверзни комуникации на нејзината приватна адреса, вклучувајќи ги оние во врска со смртоносниот терористички напад на американскиот конзулат во Бенгази, Либија, во 2012.

Клинтон кажа дека предала над 55.000 страници на имеили до Стејт департментот, и ја авторизираше агенцијата да ги објави.

ФБИ започна истрага за безбедноста на приватниот имеил сервер на Клинтон откако генералниот инспектор на американската разузнавачка заедница кажа дека најмалку четири имеил пораки биле класифицирани во време кога биле испратени, вклучувајќи две означени како „строго доверливи“ што е највисоко ниво на класификација во владата.

Портпарол на Стејт департментот, Џон Кирби, кажа „вработени во одделот ги циркулирале овие имеили на некласифицирани системи во 2009 и 2011 и на крајот некои биле препратени до Секратката Клинтон. Тие не биле означени како класифицирани“. Тој додаде: „Додека работиме со директорот на националното разузнавање да решиме дали овој материјал е всушност класифициран, преземаме чекори да обезбедиме дека информацијата е заштитена и соодветно чувана“.

Освен серверот, Клинтон исто така предава комплет од мини-хард драјв, каде се копии на илјадници од нејзините имејли.