Предлогот на грчката влада разгледуван во парламентот

Се работи за предлог-реформи во замена за помош од ЕУ, што во четврток премиерот го достави на министрите за финансии на ЕУ.

Грчкиот парламент се состанува во петок да реши дали да ги поддржи реформите предложени до европските министри за финансии во замена за повеќе помош во пари, додека Грција се бори да го задржи функционирањето на економијата и да остане во еврозоната.

Доцна во четвртокот, владата на премиерот Алексис Ципрас го достави најновиот реформски предлог до министрите за финансии на Европа, кои мора да решат дали да дадат уште еден очајнички потребен пакет помош на владата на Грција.

Малку информации се достапни за тоа што има во новиот пакет од Атина. Но извештаите велат дека тоа ги вклучува европските барања за зголемување на некои продажни даноци и намалување на трошоците.

Науспехот на Грција и ЕУ да постигнат договор може да води до исклучување на Грција од еврозоната – 19 европски нации кои го користат еврото како заедничка валута.