Иран и големите светски сили продолжуваат со интензивните разговори за нуклеатната програма на Иран во Виена, по пробивањето на уште еден рок за постигнување на сеопфатен договор.
Американскиот државен секретар Џон Кери рано во петок се сретна со иранскиот Министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф и претставници за надворешна политика на Европската унија во хотел во Виена каде се одржуваат разговорите.
Зборувајќи од балкон во хотелот, Зариф кажа дека разговорите направиле прогрес. Но кога бил запрашан од новинарите дали ќе остане во главниот град на Австрија преку викендот, тој кажа „така изгледа“.
„Немаме рок. Не сакаме да имаме. Јас сакам добар договор“, рече Зариф.
Порано, во четвртокот, Кери предупреди дека „ако не се донесат тешки одлуки наскоро, преговарачите се подготвени „да го прекинат овој процес“.
Белата куќа во четврток ги повтори зборовите на Кери, велејќи дека претседателот Барак Обама ќе го врати американскиот преговарачки тим од Виена ако разговорите се покажат неконструктивни.