Кинеската Комунистичка партија е официјално атеистичка и долго време на религијата гледа како на закана за нејзиното владеење.
На кинеските граѓани им е забрането да посетуваат религиозни служби со странци, и мисионерска работа е забранета. Кина исто така забранува номинации од странство во црквите, како оние што ги прави Ватикан.
Но и покрај сите контроли, верските убедувања се шират. Според проценките има 100 милиони Христијани, што е повеќе од тоталното членство во Комунистичката партија. Меѓу членовите на Комунистичката партија исто така има наплив од интерес за Будизмот и други вери.
Зборувајќи на средба на високо ниво порано неделава, претседателот Ши кажа „активни напори треба да се направат за инкорпорирање на религијата во социјалистичкото општество“.
Извори со искуство од прва рака во Кина велат дека нема дилеми дека властите под Ши Џинпинг постепено го зголемуваат надзорот врз религиозните групи. Христијанските хуманитарни работници исто така чувствуваат дека се под силен надзор со закани за притвор или депортација.
„Раководството стана нервозно заради очигледниот растеж на Христијанството“, вели еден извор.
Еден од начините на кои владата постапува во насока на притисок врз религијата е како случајот во провинцијата Жеџианг со масовно отстранување на крстовите од црквите.
Свештеникот Фу, кој е и основач на Помош за Кина, група што обезбедува легална помош за Христијаните во Кина вели дека за последната година речиси 1.000 цркви во Жеџианг биле демолирани или им биле со сила отстранети крстовите.
Фу вели дека некои веруваат оти ова е обид на секретарот на Комунистичката партија во Жеџианг , Ксиао Баолонг, да стане миленик на високот раководство. Фу вели дека ова е експеримент за ставање под контрола на Христијанството во дел од државата, пред да се примени на национално ниво.
Франческо Сиски, аналитичар од Пекинг, вели дека фокусот на претседателот на искоренување на странското влијание е стара реторика, со нов елемент – на позитивната ролја што религиозните лидери може да ја имаат во промовирање на хармонично општество.
Во неговото обраќање Ши го одбележа придонесот на верниците и кажа дека ќе ги охрабри да продолжат да работат на кинескиот економски, социјален и културен развој како и на единството етничките групи и на обединувањето на државата, според агенцијата Ксинхуа.
Иако според Сиски изјавата може да се толкува позитивно и негативно, тој гледа можност за поголема слобода со фокус на владеењто на правото и улогата која е побарано верските лидери да ја играат.
Сепак, тој додава, старите сили се` уште се обидуваат да ограничат секакво ново гледање на религијата.