Големо ново истражување за религијата во САД покажува растечко поместување на цифрите на декларирани христијани и оние кои избираат да не припаѓаат на никаква организирана религија.
Во нов извештај Истражувачкиот центар Пју вели дека САД се` уште се најдоминантна христијанска нација во светот, со нешто над 70 проценти од возрасните или 173 милиони Американци кои се идентификуваат како следбеници на Исус Христос. Таа цифра, драматично е опадната од 2007, кога над 78 проценти од возрасните, или 178 милиони Американци себе си се нарекуваа христијани. За време на истиот период, бројот на луѓе кои себе си се декларирале како атеисти, агностици (луѓе кои не се сигурни или незагрижени за постоењето на Господ) или кои не се од ниедна посебна вера, пораснал од 16 проценти на близу 23 проценти.
Бројот на Американци кои не се поврзани со ниедна религија е широкораспространета низ разни возрасти, раса, пол и ниво на примања, но е посебно нагласена меѓу млади возрасни лица.
Меѓу одредени христијански вери, римокатолицизмот претрпел најголема загуба во своите редови, опаѓајќи од 54 милиони членови во 2007 на 51 милион минатата година, додека бројот на протестантите паднал од 51 процент на околу 46 проценти за истиот период.
Во меѓувреме, истражувањето нашло растечки диверзитет во рамки на американската религиозна популација, со растење на нехристијанските вери од близу 5 проценти во 2007, до близу 6 проценти во 2014, особено меѓу Муслиманите и Индусите, иако нивните целосни цифри остануваат мали. Се` на се` американската христијанска заедница станала порадикално и етнички разнолика, како резултат на растечката популација во државата од јужноамериканско потекло.
Истражувањето покажува дека браковите на луѓе од различна религија исто така се зголемиле по број, од 19 проценти на таквите кои стапиле во брак пред 1960, до речиси 40 проценти на таквите кои стапиле во брак од 2010.
Истражувачкиот центар Пју ги базирал своите наоѓање врз интервјуа со над 35 000 луѓе меѓу јуни и септември минатата година.