Новиот потрес уби 24 лица, а околу илјада се повредени
Силен земјотрес го погоди Непал рано во вторникот попладне, убивајќи најмалку 24 лица во државата која се` уште се справува со катастрофалниот земјотрес што се случи пред три недели.
Официјален претставник на непалското министерство за домашни работи исто така објави цифра од 1.000 повредени.
Американската сеизмолошка служба кажа дека земјотресот со јачина од 7,3 степени бил со епицентар на околу 80 километри источно од главниот град Катманду.
Во рок од еден час, шест последователни потреси ја погодиле областа од кои најсилниот бил со јаччина од 6,3 степени.
Епицентарот на последниот земјотрес бил на околу 100 километри од центарот на претходниот.